ПЛАТИ ФАКТУРА

Андотех дооел Скопје воведе нова дополнителна можност за електронско плаќање на сметките, односно фактурите. Новата  платформа на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат.

Преку новата  услуга може да се платат сите доспеани сметки, односно фактури, освен оние кои се предмет на тужба.

Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на Андотех дооел Скопје секогаш да им излегува во пресрет на барањата и потребите на потрошувачите. Во таа насока компанијата врши достава на сметки, односно фактури на кои сега се претставени сите податоци според кои се врши пресметката , што на потрошувачите им овозмжува детален и прецизен увид на нивните трошоци.

Напомена:
Банката наплатува провизија од трансакција – 3% од износот на трансакцијата, минимум 20,00 ден. без разлика која банка се јавува како издавач на истите,
Надомест за складирање на картични податоци (Card on file/ recurring payment) – 5,00 денари по поединечна картичка (применливо доколку се користи услугата),
Банкарската провизија за реализирање на трансакции се наплаќа од корисниците преку надградување на износ на наплатата на веб порталот на продажно место.

За да продолжите со постапката за плаќање притиснете на следниот линк:  https://andoteh.ultima.cloud/home